ДОАЃА ОВЧЕ ПОЛЕ

Жени

Зачестија ракометните натпревари во градов, на задоволство на љубителите на овој спорт. В сабота во 15 ч. е интересен меч од женската Супер лига, Прилеп – Овче Поле. Домашниот тим има можност со нови три бода да остане на 4 место, што е максимум во овој момент, со оглед на разликата со погорепласираните. Претходно се одиграа два меча. Прво дома со 25-19 беше совладана Гевгелија. На одличната игра во одбраната се надоврза ефикасноста на Саздова со 9 гола, Јованоска 8, Крстевска и Камческа по 3, Рипилоска и Далевска по 1. Во понеделникот беше гостувањето со пораз од 46-22 од Металург во Скопје.

Табела: Металург 48, Вардар ј. 45, Куманово 33, Прилеп 21, Гевгелија и Овче Поле 12, Пелистер 6.

Loading