БЕЗ МНОГУ ПРОМЕНИ

Трета

Екипите како да ги загубија силите и амбициите пролетва во однос на есенскиот дел од првенството на Третата лига – Југ. Показатели се речиси непроменливите позиции на табелата. Најдобропласирана од ОФС Прилеп и натаму е Напредок Крушеани. По поразот од 1-3 дома со Големо Коњари, изваде реми (0-0) кај Питу Гули во Крушево. В недела е мечот дома со Партизан. Обршанците доживеаја два пораза, на гости со 4-3 од Зорбас Победа и дома со 2-4 од Борец. В недела се игра и дуелот Дојранско Езеро – Г. Коњари.

Табела: Кожуф 52, Борец 44, Победа В. 38, Превалец 35, Напредок К. 31, Гемиџии 27.

Loading