ИЗЛОЖБАТА „РАЗЈАРЕНО ЕЗЕРО“ ОД КРИСТИНА ЗИМБАКОВА НА ЈАВЕ

Изложба „Разјраено езеро“ од 30 дела од Кристина Зимбакова ќе биде отворена вечерва од 19.30 часот во галеријата од ЦК „Марко Цепенков“. Низ творештвото провејува интердисциплинарниот приод кон ликовната уметност – спој на сликарството, поезијата и природните науки.

Симболичниот и фигуративен израз, вткајувањето поетски мотиви од Благоја Ристески – Платнар и Ен Секстон, габите и лишаите како изразни средства и богатата текстура се клучни обележја на делата. Сликите се во комбинирана техника и често се поигруваат со границата меѓу слика и скулптура. Дел се креирани на рачно изработена хартија и пулпа од габи, а некои на мико-пена, што е биоматеријал од габен мицелиум и земјоделски отпад. Вметнати се впечатливи и ретки видови габи и лишаи од Македонија, но и од САД, Јужна Америка, Арктикот и Антарктикот.

Зимбакова имала повеќе самостојни и групни изложби во земјата и во странство. Добитник е на повеќе награди и стипендии. Нејзините дела се наоѓаат во САД, Велика Британија, во неколку македонски амбасади низ светот.

Loading