„ДУХОТ НА ТИШИНАТА“ ОД ИГОР ТРПЧЕСКИ

Збирката „Духот на тишината“ од Игор Трпчески, издадена од Банатскиот културен центар, ќе биде промовирана утревечер од 19 часот во библиотеката. Таа со себе носи награда од седмиот Европски поетски фејсбук фестивал во Нови Сад лани, кога Трпчески беше прогласен за поетски амбасадор за Македонија. Збирката содржи 50 песни објавувани претежно на социјалната мрежа, а беше претставена на Саемот за книга во Нови Сад. Поезијата на Трпчески ќе ,,доживее,, промоција и на саемот за книга во Белград, каде ќе ги претстави и авторите Јозо Т. Бошкоски и Ристо Ѓ. Јачев.

Loading