„ПАДНА ПАЈАК“ – СЕ ТОКМАТ НА СОКОЛ

Околу 160 планинари од Скопје, Гевгелија, Велес, од кои 110 од друштвото Картуш од Прилеп, успејаа да го освојат врвот Гола Чука (1650 м.) на северната грчка планина Пајак. По снег, на места од еден метар, планинарите уживаат во напорниот планинарски поход долг околу 20 километри. Заради импресивната авантура на 2 април закажаа марш за атрактивната пештера Алистра меѓу Драма и Кавала во Грција. На 9 април ќе се обидат да го ,,кутнат,, грчкиот врв Сокол (1900 м.) над градот Пожарско на јужните падини на Ниџе во Грција со висинска разлика од 1200 м. 

Loading