МЕТЕЖ НА „РЕПУБЛИКАНСКА“

Mosne prometna bila denesnata ulica Republikanska

Метеж на уличката пред Грчката црква, покрај која се нагрвалиле начичкани куќи на познатите фамилии Савоски, Аџи Попоски, Аџи Ристевци, Присаѓани, Мудуровци, Икономовци и други видни фамилии кои живееле блиску до ценатрот.

Сликата е од почетокот на минатиот век. Сведочи за фреквентен прилепски сокак. Веројатно од тука најчесто се одело на пазар, па често луѓе од секаде ја нагазувале калдрмената улица “Републиканска”. Се уште постојат високите градби и интересната архитектура, иако одамна се сменил ликот со модерен стил. Но, куќите од сликата биле своевремен хит.  Веројатно живееле чорбаџиите. На тоа наведува катноста и раскошот на чардаците. Дрвените порти им се на улица. Има и мал тротоар. Улицата била поврзана со мост со Чаршијата. 

Loading