ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА

Тинекс центар, наместо мас пазар

На 4200 м2 ќе има подземна гаража, Тинекс маркет, бутици и ресторани во кои ќе се ангажираат стотина нови работници

Intenzivna gradba na Tineks centarot

До крајот на годината компанијата Тинекс”ќе стави во употреба современ трговски центар на местото од стариот млечен пазар. Инвестицијата е 2,7 милиони евра, а во објектите ќе најдат вработување околу сто работници.

Интезивирана е градбата на површина од 4.300 м2.

– Според динамиката на градба очекуваме до крајот на годинава трговскиот центар да биде пуштен во функција”. Ќе има три целини, подземна гаража со паркинг за 60 возила, прв кат за Супер Тинекс на 1.200 м2, и третиот кат од 1.200 м2 за изнајмување за угостителски објекти, бутици и слично – вели Раде Петкоски, инжинер во Тинекс. 

Трговскиот центар уште повеќе ќе го разубави овој дел од градот и ќе се зголеми движењето во централното градско подрачје.

– Ќе се отворат и околу стотина нови работни места. Подземната гаража ќе се растовари паркирањето во тој дел. Пред завршувањето на градбата ќе се поплочи и уреди пешачката улица ,,Борка Талески,,. Сега е оставена, затоа што минуваат камиони и механизација при градбата. Улицата ќе прерасне во прекрасна пешачка зона – вели градоначалникот Марјан Ристески.

Проектирана е и улицата зад трговскиот центар, од кај градскиот плоштад кон музичкото, да прерасне во пешачка зона поплочена со гранитни плочи.

Loading