ПРИЛЕПСКИ СТОПАНСТВЕНИЦИ ВО БАЊА ЛУКА

Sansa za biznis vo Banja luka

На покана од Стопанската комора од Бања Лука, повеќечлена делегација на Регионалната стопанска комора од Прилеп потпиша Спогодба за меѓусебна соработка со колегите од Република Српска. Прилепската делегација составена од претставникот на Регионалната комора, Ристо Најдоски, претставници на Витаминка, Прилепската пиварница, Марфил, Мермер Империјал, Винарницата Пирган, Дониа, Фабриката за амбалажа Бравадо, Стевчо Димески, регионален директор на Стопанската банка Скопје ги разгледаа досегашната економска соработка и покрена иницијатива за продлабочување на деловните односи во повеќе области, базирана на економските потенцијали на двата региона. Паралелно се разгледаа и Саемот за градежништво, декор и дизајн, Грамес, во Бања Лука.

На средбите се претставени економските потенцијали и ресурси од нашиот регион,а гостите домаќините ги прошетале гостите низ компаниите Фрутела Груп, Фратело Трајд и Огимил, кои соработуваат со македонски фирми од областа на прехранбената индустрија и винарството. Претставниците на нашите компании оствариле контакти со повеќе излагачи на Саемотво обид да воспостават меѓусебна  соработка.

Loading