ВИТАМИНКА НА САЕМ ВО АТИНА

Interes za proizvodite na Vitaminka vo Atina

Со целосниот асортиман, вклучувајќи ги најсилните брендови, на голем изложбен простор Витаминка првпат се претстави на саемот Food expo во Атина. Саемското претставување беше проследено со презентации на производни програми и дегустации на производи. Тоа предизвика внимание од трговци, сопственици на синџири на супермаркети и граѓани.

– Секторот за храна е еден од најдинамичните. Затоа е исклучително важно да се претставиме успешно и впечатливо, да видиме какви се реакциите на нашите производи, започнувајќи од изгледот, дизајнот, вкусот и да ги измериме преференциите на пазарот. Презентацијата ја осмисливме производите на Витаминка да станат познати и поблиски за посетителите. Саемот во Атина важи за еден од најкомпетитивните во однос на бројноста на домашните изложувачи и странските посетители. После претставувањето, можеме да се надеваме на добар прием и пласман на нашите производи на кој било пазар – изјавија од компанијата.

Со 1.200 изложувачи на 45.000 м2, Food expo2017 е  најголемиот саем за храна и пијалаци во Грција и еден од водечките меѓународни саеми од ваков вид во светот. Саемот беше посетен од повеќе од 46.000 професионалци од 88 земји.

Loading