СТОЈАНОСКИ ГО ПОТВРДИ ТАЛЕНТОТ

Борење

Борењето е спорт каде се еднакво важни домашните и меѓународните настапи. Тежнеењето е секоја можност да се искористи за учество надвор од државните граници. Така, во Галабово, Бугарија, се одржа Меѓународен турнир за пионери до 15 години, на кој учествуваа млади репрезентативци на Македонија, меѓу нив Стефан Стојаноски и Петар Насески од клубот 7 Мај Леов. Искуството е збогатено. Тоа е најважна придобивка. Резултатите се ориентација за прогресот на младите. Стојаноски во категоријата до 32 килограми го освои третото место. Совлада Бугарин и Украинец, загуби минимално во полуфиналето од Молдавец. Ова го потврди големиот талент. Насески кој го освои 12 место и ќе чека наредна шанса за подобро издание.

Клубот се подготвува за претстојните настапи на државните училишни првенства.

Loading