ИМА ШАНСИ ЗА ОПСТАНОК

Пинг-понг

Ekipata na Mladost 96

Пинг-понгарите на Младост 96 извојуваа значајна победа во Радовиш од 9 коло од Супер лигата на Македонија. Резултатот е убедлив, 2-5. Според информациите, зрело одиграле сите тројца пингпонгари. Најрасположениот, Антонио Стомнароски, добил три партии, додека Александар Рикалоски и Александар Штаргоски имале по една победа и пораз. Токму кога е најпотребно, блеснаа младите и веќе искусни пингпонгари. Со овој триумф Младост 96 е на пат да  избори за опстанок. Борбата ќе трае до последното коло. Во наредното, 10 коло, Младост 96 е домаќин на Телеком од Скопје.

Табела: Гоце Делчев 18, Работнички 16, Шампиони ФА 12, Вардар10, Радовиш, Младост, Телеком и Младост 96 по 4.

Loading