САЗДОВА – 16 ГОЛА

Ракомет жени

Битола е најракометниот град, ама битолскиот женски тим на Пелистер треба да оди на обука кај екипата на Прилеп. Пелагониското дерби во петокот, всушност не беше никакво дерби, оти гостинките беа преслаби или домашните пресилни. Резултатот од 37-25 можеше да биде и повисок. Во игра влегоа сите ракометарки од составот на тренерот Богојески. Дури и голманката Дурланова даде гол, од пенал, а најефикасна беше Саздова со 16 гола. Претстои празен викенд за квалификациите на Младата репрезентација на Македонија во Европско првенство. Во составот се две прилепчанки: бекот Филипоска и пивотот Камческа. Дури по паузата на ред е 17 коло, кога Прилеп му гостува на Вардар.

Табела: Металург 39, Вардар 36, Куманово 30, Прилеп 18, Овче Поле 12, Гевгелија 9, Пелистер 6.

Loading