ЈУНАЧКИ ПИТУ ГУЛИ

Трета

Кога никој не очекува, тогаш се случува изненадување во фудбалот. Екипата на Питу Гули од Крушево има скромни резултати во тековното првенство од Третата лига – Југ и врз таа основа не се најавуваше ништо друго, освен пораз во Валандово. Отворената игра од двете страни донесе пресврти и на крајот, се чини, праведен е исходот 2-2. За Питу Гили следи добра шанса за нови три бода, в недела, кога е домаќин на Зорбас Победа. Во свој стил заигра и Напредок Крушеани, со реми (1-1) кај Дојранско Езеро, со голот на Александар Чешелковски, а наредното коло е слободно. Останати двојки: Партизан Обршани – Победа, Големо Коњари – Борец.

Табела: Кожуф 45, Борец 35, Победа 33, Превалец 32, Напредок 30, Гемиџии и Партизан 23.

Loading