ПРОТЕСТИ СО ТРАКТОРИ НА ЗЕМЈОДЕЛКИ

Dami na protest so traktor

Секоја вечер во 18 часот се одржува граѓански марш под иницијативата „За заедничка Македонија“. На браникот на татковината од разнебитувањето на државата се приклучија и земјоделците од сите населени места со својата механизација, кои се револтирани од тиранската платформа и од чекорот на СДСМ заради кој нема да земат субвенции… Брефтаа стотина трактори по булеварот “Гоце Делчев”, во знак на револт. На чело на маршот беа земјоделките кои храбро и одлучно ја упрвауваа механизацијата.

Се зголемува масовноста, на протестите учествуваат професори, уметници, доктори, млади и стари, извикувајќи го државното име и веејќи македонски знамиња.

На прилепчани им се обрати и универзитетскиот професор по историја Виолета Ачкоска. Свое обраќање имаше и легендарниот прилепски актер, писател и македонист Благоја Ивчески предводејќи го граѓанскиот марш за зачувување на унитарноста на државата. 

Loading