ПОТРЕБЕН Е ТРИУМФ ВО ВЕЛЕС

Ракомет

По одличен пролетен старт со победата на гости над Работнички, екипата на Прилеп загуби дома (27-33) од лидерот на табелата, Охрид. Од првото полувреме се наѕираше поразот од подобриот противник. Светла страна беа гледачите, кои ја исполнија трибината до последното место. На паркетот, најефикасни беа: Јанчев со 9, Тренчевски со 6, Петрески и Орјоникидзе по 4. Покрај Трајковски, солидни одбрани имаше новиот голман, Куртановиќ. Викендов е шанса за поправање, во Велес. Мечот со домашниот Борец мора да се добие, да се вратат шансите за освојување на четвртото место.

Табела: Охрид и Пелистер 37, Еурофарм 34, Борец 26, Прилеп 23, Пролет и Радовиш 22, Металург 2 – 18, Вардар ј. 14, Работнички 0.

Loading