„Додекоманија“ е тематската изложба на дела од Ацо Таневски што ќе биде отворена вечерва од 19.30 часот во ликовната галерија на ЦК ,,Марко Цепенков,,. Уметникот се преставува со колажи кои на едно место ја обединуваат уметноста и поезијата.
– Таневски со Додекоманија креира концептуализиран и промислен интермедијален творечки проект, спој на ликовниот и поетскиот израз, блиска средба помеѓу сликата и песната, спој на два уметнички јазика. Станува збор за обединување на четириесетина песни и исто толку колажи. Изложбата е илустрација на поетскиот запис, надополнување кое се заокружува во целини – вели критичарот Горанчо Ѓорѓиевски
Таневски е дипломец на ФЛУ во Скопје и член е на ДЛУМ. Едукатор е во Национална галерија на Македонија. Се занимава и со театарска и книжевна уметност. Учествувал на 60-ина групни и 30- тина самостојни изложби во земјата и во странство.