ПО ОСМИ ПАТ, БРЗО СЛИКАЊЕ ЗА ОСМИ МАРТ

Koga praznikot e povod za tvorenje - Biljana Bincev

Под мотото „Уметниците по повод Осми март“ во ЦК „Марко Цепенков“ се одржа традиционалната манифестација ,,Брзо сликање”, на која осум уметници, членови на Друштвото на ликовни уметници, сликаа по повод  меѓународниот ден на жената. Твореа Билјана Бинчев, Маја Најдоска, Верче Николоска и Емилија Ѓорѓиоска, како и колегите Александар Џинго, Методи Исков, Стојан Дурланов и Бобан Петрески

– Манифестацијата е убава можност за дружење меѓу колегите. Тука твориме и разменуваме мислења и сме креативни во одбележувањето на празникот на жената – изјави уметницата Бинчев.

ЦК ,,Марко Цепенков,, осмипат ја реализираше манифестацијата.

– Преку креативната манифестација, со творештво и дружење се одбележува празникот на жената. Нашата институција и ДЛУП, со поддршка на локалната самоуправа, своевремено ја покренавме оваа нестандардна иницијатива. Сакаме да бидеме креатори на ликовната уметност – изјави Тони Чатлески, директор на ЦК “Марко Цепенков”.

Praznikot 8 mi mart - inspiracija za tvorenje

Манифестацијата ја проследи и градоначалникот Марјан Ристески кој ја посочи поддршката што општината им ја дава на уметниците.

Делата создадени на манифестацијата ќе бидат презентирани на изложба.

Loading