ПЕЛАГОНИСКО ДЕРБИ

Ракомет жени

Moment od natprevar na ZRK   Prilep

Минатиот викенд беше празен, а веќе денеска (16.30 ч.) во ,,Ричко” е пелагониското дерби, Прилеп – Пелистер. Кога се среќаваат лутите соседски ривали секогаш има борба и нема предавање од никого. Прилеп е фаворит и екипата на Рубин Богојески атакува на трите бода, но не треба да се потцени гостинскиот состав, воден од младинскиот селектор Борче Марковски. Мечот се игра пред викендот, поради подготовките на младата селекција за настапите во европските квалификации. Во домашниот тим нема да биде крилото Ивана Ѓорѓиоска, која заминала во Германија, во второлигашот Касел.

Табела: Металург 39, Вардар 36, Куманово 30, Прилеп 15, Гевгелија и Овче Поле 9, Пелистер 6.

Loading