ОД 0-3 ДО 3-3

Трета

Третолигашкиот, иако не е највисок ранг, полн е со возбудувања и интересни натпревари. На гледачите кои одвојуваат два часа во недела попладне, не им е здодевно на игралиштата. Во Големо Коњари, домашниот тим се сретна со фаворитот Победа Валандово и направи подвиг. Ова може да се заклучи по резултатот (3-3) и начинот според кој се стигна до него. Гостите водеа со 0-3 и така беше до 79 минута. Тогаш намали Зоран Мирчески, а во 87 минута се запишани два гола на домашните, прво преку Игор Тошев, потоа пак Мирчески. Ремито и бодот многу значат за екипата на Г. Коњари во поглед на вербата во сопствените можности.

В недела е гостувањето на Зорбас Победа во Мрзенци.

Претходното коло победи и Партизан Обршани со 2-1 против Росоман. Нареден меч е кај Превалец. Останати дуели: Д. Езеро – Напредок Крушеани, Победа В. – Питу Гули.

Табела: Кожуф 42, Борец 35, Победа 32, Превалец и Напредок 29, Гемиџии и Партизан 23.

Loading