ПРИЛЕП – ОХРИД

Ракомет

Одличен пролетен старт имаше екипата на Прилеп, преку триумфот од 29-38 на гости со Работнички во Скопје. Стрелци беа Јанчев и Тренчевски по 8 гола, Бозароски 5, Петкоски 4, Јанески, Петрески, Орјоникидзе и Шокоски по 3, а Тодороски 1. Очигледно, во играта имаше сериозен пристап, покрај немоќниот противник. Мечот послужи за подготовка во пресрет на наредниот натпревар, дома, со лидерот Охрид (сабота, 19 часот). Ова е еден од клучните дуели, покрај следното гостување на Борец во Велес. Доколку се добијат, шансите се големи за пласман во плеј-офот. Се очекува поддршка од трибините во пресметката со гостинскиот тим, кој беше поуспешен на пријателски натпревар.

Табела: Охрид  и Пелистер 34, Еурофарм 31, Борец 26, Прилеп 23, Радовиш 22, Пролет 19, Металург 2 – 18, Вардар ј. 11, Работнички 0.

Loading