ИГЊАТОВСКИ – РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН ТРЕНЕР

Борење

Saso Ignjatovski i Vladimir   Egorov

Во Варна, Бугарија, се одржа Меѓународен турнир од ФИЛА-категорија, на кој учествуваа млади репрезентативци на Македонија, предводени од тренерот Сашо Игњатовски. Ова е големо признание за него и за клубот 7 Мај Леов.

– Од Федерацијата сум назначен за прв тренер за женско борење и за помошен тренер во младите машки репрезентации до 20 и до 23 години. Прифатив бидејќи сакам да помогнам со сето свое знаење и искуство. Во борењето сум веќе 35 години – вели Игњатовски.

Во Младата репрезентација тренер е на Русинот со македонски пасош, Виктор Егоров.