ИВАНОСКИ – НАЈГОЛЕМО ИЗНЕНАДУВАЊЕ

Кик-бокс

Vo podem kik bokserite

Отворена е новата сезона во кик-боксот со Државното првенство во Скопје, а медали веднаш освоија членовите на клубот Максам фајт. Во конкуренција на 186 натпреварувачи од 24 клуба, четворица прилепчани се искачија на пиедесталот. Тројца се со сребрени медали: Стефан Иваноски, Стефан Талески и Давид Шапуриќ, а еден со бронзен – Виктор Нестороски. Стручњаците од клубот за најголемо изненадување го сметаат Иваноски, кој во првиот настап на ваков вид натпреварување, стигнал до финалето со три победи.

Loading