ИЗЛОЖБАТА НА ДЕЛА „МАЛ ФОРМАТ“

ЦК „Марко Цепенков“ во соработка со Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) ја организираат изложбата „Мал формат“ што ќе биде отворена утревечер од 19 часот во галеријата „Борко Лазески“. Посетителите ќе видат дела од 50 автори, изработени во „Мал формат“. Меѓу изложените ќе бидат и наградените творби од областа на сликарството, графиката и скулптурата.

– Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25х25 цм. претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност. Чувството на внатрешниот порив да го совлада малиот квадрат, на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големите форми во помалата мерка – велат од ДЛУМ.

„Малиот формат“ како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници.

Loading