ТЕМЕЛКОВСКИ ОСТАНУВА ДИРЕКТОР

Petar Temelkovski i vo narednite 4   godini prv covek na MTFНа фестивалот „Војдан Чернодрински“

Петар Темелковски ја доби довербата и наредите четири години да биде уметнички директор на фестивалот ,,Војдан Чернодрински,, и да ја креира фестивалската програма која од година во година се надградува и збогатува. Тој вели дека по неговиот реизбор, започнало организирањето на 52. издание на МТФ, кое според најавите ќе се одржи во почетокот на јуни.

– Веќе се пријавуваат новите претстави што се премиерно изведени во театрите меѓу два фестивала. Ги гледав повеќе од една третина. Крајниот рок за следење на претставите што конкурираат за учество на фестивалот е 30 април. Потоа ќе ја извршам селекцијата и на почетокот на мај ќе ја соопштам програмата за годинашниот фестивал – изјави Темелковски.

Loading