СКУЛПТУРИ – „ПОНЕКОГАШ ТИЕ“

Вечерва

„Понекогаш Тие“ е изложба од 14 скулптури во дрво од Гордана Хаџи Николова Малашев од Гевгелија која ќе биде отворена вечерва од 19 часот во ликовната галерија од ЦК ,,Марко Цепенков,,. Уметницата ги материјализира интимните духовни содржини кои од време на време мораат да добијат форма и да го покажат постоењето. Сокриени длабоко во нејзината потсвест, делата изглегуваат од ударот на нејзиното длето во својата најчиста и најискрена форма со едноставни, мирни и чисти површини. Од подножјето на парчето дрво, обработено со длето, се ослободува фигурата, која остава впечаток како да се лизнало од грубата материја и се престорило во ,,раѓање на формата,,.

Хаџи Николова Малашев е дипломец на ФЛУ во Скопје од отсекот вајарство во 2000 година. Во 2003 година магистрирала и член е на ДЛУГ, ДЛУБ и на ДЛУМ. Учествувала на бројни симпозиуми, ликовни колонии во земјата и во странство и имала повеќе изложби.

Loading