Т. КОМБИНАТ ПРЕД АЛКАЛОИД

Историја

Шаховскиот клуб Алкалоид од Скопје е актуелен европски шампион, а некогаш од него подобар беше Тутунски комбинат. Есента 1986 година прилепската екипа покажа надмоќ над сите ривали во рамките на Републичката лига на СР Македонија. Беше најдобра во конкуренција на 12 тима, меѓу нив и од Алкалоид. Под Тутунски беа: 7 Ноември, Алкалоид, Градител, Ленин, Стево Балто, Стево Патако, Напредок, Куманово, Браќа Миладиновци, Братство и Тетекс. Во последното есенско коло, на гости во Куманово, беше освоен бод со резултат 5-5. За екипата настапија: Станојоски, Дамески, Милошески, Дулев, Тодороски, Бабиќ, Василеска, Крстеска, Кироски и Гешоски.

Покрај Тутунски, активни беа уште неколку клуба од Прилеп.

Loading