ОХРИД Е ИЗБРАН ЗА ДЕРБИТО

Фудбал

Moment od posledniot duel vo   Skopje

Без оглед во кој град се игра или каде ривалите се наоѓаат на табелата, Победа – Вардар секогаш е дерби. Долгодецениска традиција е во прашање. Некогаш имало и до 15 илјади гледачи на трибините. В недела за мегдан е избран Охрид, бидејќи Победа е домаќин и не може да игра дома додека не се подготви игралиштето Могила. Во Струмица се реновира теренот, во Битола соблекувалните, во Кочани не било дозволено, отпадна и Кичево… Во Охрид не се очекува голема посета, но сигурно е дека прилепските навивачи ќе бидат таму да дадат поддршка. Секој бод против фаворитот е добредојден. Претходно беше претрпен пораз (2-0) во Кратово од Силекс, каде црвен картон доби бекот Георгиевски.

Табела: Вардар 47, Шкендија 40, Пелистер 33, Работнички 32, Ренова и Силекс 27, Шкупи 17, Победа и Македонија ЃП 16, Брегалница 11.

Loading