ПОФАЛБИ ОД ХРВАТОТ ЈЕЛИЧИЌ

Илија Несторовски

На хрватската телевизија се емитуваше спортска емисија, каде една од темите беше нашиот интернационалец, Илија Несторовски. За неговите настапи во италијанскиот прволигаш Палермо, мислења даде некогашниот хрватски репрезентативец Јошко Јеличиќ.

– Бев скептичен дека во Серија А ќе остави некаква трага. Зошто? Како класичен играч во казнениот простор и роден голгетер, отиде во многу поквалитетна фудбалска средина од хрватската и во мал клуб, кој игра претежно на својата половина. Со оглед на тоа, сите честитки за тоа што го направи. Палермо редовно го гледам поради него, играч кој многу напреднал, а претходно бил член на Интер Запрешиќ..

Го бараат клубови од Шпанија и Англија?

– Покажа менталитет, се гледа дека е работник. Тоа што го направи, никој не му го подари. Ако продолжи така, со вродена способност за лесно давање голови, сигурен сум дека ќе игра во голем европски клуб.

Десеттиот гол го даде од пенал против Сампдорија, а в недела е гостувањето на Торино.