НОКАУТ СО ФИТ ФАН ВОЛЕЈ

Одбојка

Овој месец планирано е продолжение на натпреварите од Младинската одбојкарска лига во женска конкуренција. Пласман во пролетниот дел обезбеди екипата на ЖОК 11 Октомври. Конкретно, претстои ,,нокаут” меч со екипата на Фит фан волеј од Скопје. Според пропозициите, ќе се игра само еден натпревар, во Прилеп, до добиени три сета, а само победникот ќе се пласира понатаму. Во следниот круг чека тимот на Јанта волеј од Скопје. За овие мечеви веќе течат подготовките во салата на ДГС Партизан.

За дуелот со Фит фан волеј предложен е 26 март, во салата од СОУ ,,Ѓорче Петров”.

Loading