ДЕСЕТ ЖОЛТИ И ДВА ЦРВЕНИ

Трета

Ефикасен и мошне борбен беше мечот при гостувањето на Напредок Крушеани во Мрзенци, на Зорбас Победа. До епилогот од 3-2 за домашните е стигнато со 10 жолти картона (четири за домашните, шест за гостите) и по еден црвен за двата ривала. Крушеанци добро се држеа. Потврда е движењето на резултатот. Поведоа со голот на Крстески, настана пресврт, па израмнија преку Димоски. Пет минути пред крајот падна решавачкиот гол. Покрај поразот, постојат шанси за висок пласман. Следи дерби дома со велешки Борец.

Останатите претставници од ОФС Прилеп беа скромни: Партизан Обршани загуби со 2-0 од Младост Удово, а нареден меч е дома со Росоман, Питу гули зеде бод со 1-1 во Росоман и сега дома игра со Превалец, Големо Коњари со 3-2 загуби од Превалец, а на ред е домашниот меч со Победа Валандово.

Табела: Кожуф 39, Борец 32, Победа В. 31, Напредок К. 29, Превалец 26.

Loading