МОРАЛНИ ПОБЕДНИЧКИ

Ракомет жени

Ако има утеха во формулацијата ,,морални победнички”, тогаш тоа секако се ракометарките на Прилеп. Така се чувствуваат по минималниот пораз (29-28) во Куманово. Воделе со три разлика, потоа губеле со шест, за при крајот да израмнат. Сепак епилогот е пораз. Имаат големи забелешки на судењето во пресудните моменти. Досудени се исклучувања од 10 минути. Најважно е што била прикажана одлична игра и даден силен отпор на големиот фаворит, третопласираната екипа на табелата. Голманки беа Дурланова, Богеска и Димитриеска, а стрелци: Саздова и Ѓорѓиеска по 7, Јованоска 5, Камческа 4, Деловска 3, Крстевска 2. Ново име е велешанката, крилото Клаудија Деловска, дојдена од Овче Поле. Вака треба да се продолжи и на наредните мечеви.

Претстојниот викенд е слободен, а во 3 коло е дербито дома со битолски Пелистер. Во меѓувреме, можно е да се одигра пријателски натпревар со екипа од соседството или од странство.

Табела: Металург 36, Вардар 33, Куманово 27, Прилеп 15, Гевгелија и Овче Поле 9, Пелистер 6.

Две репрезентативки

Младата женска репрезентација на Македонија се подготвува за квалификациите за пласман на Европско првенство. Во составот на селекторот Борче Марковски се две прилепчанки: пивотот Михаела Камческа (Прилеп) и бекот Сашка Филипоска (Вардар). Турнирот е од 17 до 19 март во Скопје, а противници се Унгарија, Молдавија и Фарски Острови.

Во поширокиот список на машката Млада репрезентација беше Давор Шокоски (Прилеп).

Loading