БАЛКАНИКА ПОБЕДИ СО КАРПАЛАК

НА „ГОЦЕ ФЕСТ

Karpalak na tronot na Goce Fest

Со песната „Осми Август“ отпеана во чест на десеттемина прилепски бранители кои за време на конфликтот во 2001 година беа убиени кај месноста “Карпалак”, прилепската музичка група “Балканика” ја освоија првата награда во категоријата на дебитанти на фестивалот “Гоце Фест” во Скопје.

– Чувствувавме обврска, но и должност да направиме песна која ќе го овековечи немилиот настан, а која ќе остане како аманет на многу генерации да ги потсетува на нашите борци и херои, на нашите прилепчани кои животот го дадоа за Македонија – истакна Мендо Ташкоски, член на Балканика.

Групата беше на прием кај градоначалникот Марјан Ристески заедно со претставниците на здружението Карпалак.

– Како учесник на Карпалак им се заблагодарувам на Балканика за создавањето на оваа песна во чест на овој настан од поновата историја, кога 10 прилепски резервисти херојски загинаа за Македонија. Се надевам дека песната ќе стане хит и ќе влезе во ризницата на песни кои опеваат историски настани – рече градоначалникот Марјан Ристески.

Од здружението „Карпалак”порачаа  денешните генерации да не го заборават херојското дело. 

Музиката и аранжманот се на Мендо Ташкоски, а текстот е на Душко Темелкоски.

Балканика доби и признание за група на годината од Фондацијата „ТАКЕЦ” во Битола.

Loading