МЕЃУНАРОДНА АДРЕНАЛИНСКА ТРКА СО ВЕЛОСИПЕДИ

Во април на Топташ

Velosipedi niz udolnini

Подмладокот на клубот за екстремни спортови Скајрајдерс на 22 и 23 април вторпат ќе ја организира downhill, низбрдо, велосипедската трка на месноста Топташ. Велосипедистите се спуштаат само надолу по планините со екстремни скокови на тешки етапи и терени. Downhill е ризичен спорт со велосипеди што уште е во развиток.

– Се очекуваат 60-тина натпреварувачи од Македонија, Србија, Црна Гора и Бугарија. Се надеваме дека доброто време ќе ни биде сојузник, покрај организацијата со забава. Ја подготвуваме патеката и за брзо време ќе биде и готова. Во споредба со ланската траса, која беше долга 2 км., годинава има нови делови и ќе биде 2,7 км. – вели Илија Ангелески од  клубот Скајрајдерс.

Секцијата на клубот за downhill брои 10 членови и постои од лани. Годинава трката добива меѓународен карактер. Станува збор уште за еден екстремен спорт што ќе ја афирмира општината, покрај болдерингот, параглајдерстовото, планинскиот велосипедизам, планинскиот ултра маратон, мото крос трките и трофито со џипови.

– Downhill е атрактивен и адреналински спорт. Трката е уште една дисциплина на екстремните спортови. Прилеп постепено прераснува во центар за развој на екстремните спортови, кои општината ги поддржува и на кои става акцент и приоритет – изјави градоначалникот Марјан Ристески.

Оваа трка е плод на акцијата, Ден на идеи, на локалната самоуправа.

Loading