СЕДИШТА НА МОГИЛА

Saglam stadion na Mogila

Голема работна акција се одвива на игралиштето „Могила“ во која се вклучени: клубот Победа, навивачката група Мајмуни, Комуналец и Општината, помогнати од повеќе компании. Се редат столчиња, се поправа тревнатиот дел од теренот, се дотерува оградата, се бојадисуваат вратите и скалите, се прошируваат и адаптираат соблекувалните. Деновиве треба да биде стокмен стадионот, како што налагаат стандардите од прописите на ФФМ. Според нив, бројот на седиштата треба да биде минимум илјада.

Првиот прволигашки меч се очекува да биде на 19 март: Победа – Шкупи.

Loading