ПРЕДАВАЊЕ ЗА ВОЗРАСНИ ВО ИНТЕРЕС НА ДЕЦАТА

Утре во 12 часот во ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи бесплатно предавање за родителите и сите возрасни на кое ќе може да се слушнат совети од искуството на докторите и предавачите, но и нови научни сознанија за раст на свесноста за доброто на децата.

Предавачи ќе бидат д-р Благоја Ѓорѓиески, д-р Албена Манева Крстеска, д-р Александар Митов, д-р Жарко Костиќ и Нела Јолеска. Дел од темите на предавањата се: зошто е неопходно децата правилно да дишат и правилно да вежбаат, зошто мора да внимаваме на нашите мисли и чувства, кои се факторите на детското здравје, како се дебелееме, и како вишокот на мрсна храна го нарушува детскиот метаболизам, емоциите, невидливи пријатели и непријатели на човекот, 24 карактеристики на генијалноста, како јогата помага во правилниот раст и развој на децата и др. 

Loading