УЧИЛИШТЕ ЗА ЉУБОВНИЦИ ВО „…ЦЕПЕНКО“

Najgledanata komedija na Balkanot   vo 2016 godina pred nasite sogragani

Училиште за љубовници (Школа за љубавнике), најгледната претстава на Балканот во 2016 година ќе може да се проследи в понеделник од 20 часот. Хит комедијата по текст и во режија на Бојан Стојчетовиќ пренесува љубовни триаголници.

– Колку претстави сме се изнагледале на таа тема. Ништо ново не би кажале. Тука главните ликови покренуваат желба за промени. Желбата се претвора во идеја, идејата во реализација, реализацијата во изненадување, изненадувањето во проблем, а проблемот во катастрофа! Звучи познато? Но, љубовен триаголник со два учесника, навидум е неможен и математички непризнаен. Среќна околност е што во театарот сé е можно. Да се побегне од популарното сфаќање на комедијата, беше императивот на приказната. Да се наведе гледачот да гледа нешто што не е виц, а на крајот да се смее, а кое уште на почеток изгледа како театарски чин. Уметници, поединци, без финансиска помош, решија комедијата да ја вратат на своето место. Со исклучителен минимализам. Е тоа е зафат, повеќе од вреден за внимание. Добивме урнебесна комедија, врвен актерски израз. Публиката умее да  препознае и поздрави – вели режисерот.

Дејствието се случува во Италија во доцните 50-ти години.

– Маж и жена коишто се многу успешни во сé, запаѓаат во брачна криза како резултат на рутината којашто станува главен дел од нивниот живот. Потребата да се излезе што поскоро од тој магичен круг, доведуваат до одлуки што ќе им го сменат животот. Наизглед обичните брачни проблеми ќе се претворат во комплицирани ситуации, коишто ќе пробаат да ги решат на најкомичен начин. Како што секоја равенка има една или две непознати, кај нив се јавува трета непозната, која дополнително ја комплицира целата ситуација – додаваат од продукцијата на претставата, којашто го вади најдоброто од актерите и не се служи со трикови за да í се допадне на публиката, претстава којашто секој би посакал да ја изгледа уште еднаш.

Loading