ПАНОСКА СО НАГРАДА ЗА НАЈЕМОТИВНА ПЕСНА

Nagrada za Snezana Panoska

Поетесата Снежана Паноска се закити со уште една награда. Добитник е на книжевното признание од меѓународниот книжевен конкурс од Клубот на уметнички души во Мркоњичград во Република Српска, организиран по повод Денот на вљубените. Песната ,,Кога ќе заминеш,, е прогласена за најемотивна љубовна песна, песна над песните на конкурсот на љубовна поезија, насловен ,,Носталгија на љубовта,,.

– Испратив неколку творби на српски јазик, а една ја доби наградата. Среќна сум оти како поет најголемо признание е кога поезијата ќе биде прочитана од голем број љубители на поетскиот и убав пишан збор не само во земјата, туку и пошироко – вели Паноска.

Инспирација за пишување пронаоѓа насекаде.

– Ме мотивира љубовта, секојдневието, другарувањето, музиката… Често еден збор или еден тон од музиката што ја слушам може да ме поттикне да напишам стихови. Токму наградената песна е таква – таа е носталгија од некоја завршена љубов – додава поетесата која досега објавила три стихозбирки ,,Песни од мојата душа,, ,,Илјада ѕвезди,, и ,,Слики од животот,, која наскоро ќе биде претставена во јавноста.

Loading