ФОТО ИЗЛОЖБА „ЈОРДАН ЗАЗОСКИ- ЗАЗО“

Изложба на фотографии „Јордан Зазоски – Зазо“ ќе биде отворена в среда од 19.30 часот во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“. Станува збор за четвртата годишната клубска презентација на  Фото Кино клубот „Прилеп“. Ќе се претстават 35 автори со 58 фотографии на слободна тема. Изложбата покажува во кој правец водат заложбите на клубот на полето на уметничката фотографија и димензијата на напредокот во минатата година.

Годинава, учесници се и новите членови кои минаа курс за фотографија организиран од клубот. Преку предавања за разни фотографи и низа на активности и работилници, тие успеаа да совладаат дел од вештината на создавањето на уметничка фотографија.

Loading