ПРВА РЕПРИЗА НА ПРЕТСТАВАТА „ВО СЕНКАТА НА ВЕТРОТ“

Prva repriza na pretstavata Vo   senkata na vetrot

„Во сенката на ветрот“ од Пол Емон, во режија на Југослав И. Кочоски утревечер од 19.30 часот ќе ја има првата реприза по декемвриската премиера. За 50 денари може да се проследи претставата во која се говори за  тешкотијата да се сака, да се биде сакан и да постоиш во очите на другите.

Приказната е за длабокото незадоволство и празнина на тие што можат да имаат сé и повторно се незадоволни и за тие кои немаат ништо, а се среќни од тоа малку што им го дава животот. Интересна е бидејќи на сцената дава можност да се проследи наизменичноста во нарацијата од директен говор до гласно кажани внатрешни мисли кои многу често ја изразуваат состојбата на ликовите во сегашноста или пак го пренесуваат своето искуство за тоа што се случило во минатото.

– „Во сенката на ветрот“ е прва средба на ансамблот на театарот со авторот Пол Емон, но и воедно во Македонија.

Играат, Марија Спиркоска-Илијески, Димитар Црцороски, Катерина Чакмакоска-Клинческа, Ангела Наумоска, Михајло Миленкоски, Марјан Чакмакоски, Најдо Тодески, Виолета Чакарова и Наташа Наумоска.

Loading