СЕРИЈА ПРИЈАТЕЛСКИ

Ракомет мажи

Продолжуваат подготовките на машкиот суперлигаш Прилеп, започнати пред еден месец. Реализација е на последната фаза, за воигрување на екипата. Има тренинзи на тактичко – технички план, како и пријателски натпревари. Можностите се тестираа на дуелите, на гости со Пролет, дома два со Пелистер и еден со Охрид. Последниот меч со Охрид беше со две лица. Првото полувреме Прилеп имаше сигурно водство, дури и со четири гола разлика, а на одмор се замина со 15-12. Во вториот дел како се ближеше финишот, така се случуваше пресврт. На крајот гостите победија со изненадувачки 24-31. Најбитно од играта е што се виде дека прилепскиот состав може да се надигрува со фаворизираниот, второпласиран тим од есенскиот дел на Супер лигата. Во екипата на тренерот Ице Соколоски беа новите, голманот Мурат Куртановиќ и бекот Јане Јанчев. Синоќа беше натпреварот дома со Пролет, а до крајот на идната недела можно е да се одмерат силите со Охрид и Еурофарм Битола.

Првенството продолжува на 5 март со Работнички во Скопје.

Loading