МАНТА ОСТАНУВА ВО ФУДБАЛСКАТА ВЛАДА

ФФМ

Редовното генерално собрание на Фудбалската федерација на Македонија го изгласа за претседател досегашниот прв човек, Илчо Ѓорѓиоски, а нема многу измени ниту во Управниот одбор. Меѓу 15 члена е претседателот на ОФС Прилеп, Марјан Стојкоски – Манта. Тој првпат беше избран пред четири години, во јули 2013, така што веќе тече неговиот втор мандат. Останати членови на УО се: Светозар Станковски и Џеват Ибрани (Скопје), Димитар Џонов (Штип), Горан Гаврилов (Пробиштип), Добре Иванов (Кратово), Сали Абдили (Липково), Тони Ивановски (Охрид), Муамед Сејдини (Кичево), Лазар Ракиџиев (Велес), Златко Талевски (Битола), Арџент Беќири (Тетово), Борче Лазаревски (Куманово) и Дејан Димовски (Свети Николе).

Претседателот и Управниот одбор беа изгласани од 91 делегат на Собранието.

Loading