ПРОЛЕТТА ПОЧНУВА ВО КУМАНОВО

Ракомет жени

Otvoranje na sezonata - ekipata na   Prilep

Викендов продолжува првенството на женската Супер лига, а екипата на Прилеп е гостин на Куманово. Претстојат напорни натпревари, со задача да се задржи високото 4 место на табелата. Колку се возможни амбициите ќе се види на првите натпревари. Тимот го напушти бекот Митревска, замината во Гевгелија, а во последен момент постоеше можност да дојдат две – три нови на бековска и крилна позиција.

– Тренинзите од еден месец ги одработивме како што планиравме, со исклучок на пријателските. Ниту една не одигравме, оти немаше противник. Можно е в понеделник да имаме, во паузата меѓу првото и третото коло – вели Рубин Богојески, тренер.

Куманово е фаворит. На табелата е третопласиран и единствен што држи чекор со двата водечки. Прилепскиот тим нема што да загуби, а може многу да добие. Треба да се проба со борбена игра да се дојде до подвиг.

– Квалитетен противник. Имаат непроменет состав од есеноска. Тогаш загубивме двапати, но дадовме отпор и дома и на гости. Во Куманово водевме, а загубивме со пресврт. Претстои борба за да изненадиме – најавува Богојески.

Табела: Металург 36, Вардар 30, Куманово 24, Прилеп 15, Гевгелија 9, Овче Поле и Пелистер 6. 

Loading