ЈОВАНОСКА ПОГОДИ 168 КРУГА

Стрелаштво

Убава иднина има стрелаштвото од градов, ако се земат предвид резултатите и пласманите што ги имаат младите стрелци. На првиот овогодишен Куп во дисциплината национална пушка за пионери во Скопје, одлични беа членовите на СК Стрелец 09. Уште еднаш неприкосновена беше Ирина Јованоска со погодени 168 круга, за  освоено прво место. Од пионерите најистакнат е Стефан Пројчески со 162 круга, доволни за трето место. И екипните резултати се за почит. Женската екипа (Ирина Јованоска, Теодора Талеска, Ивона Бундоска) вкупно погоди 418 круга за второ место. Машкиот тим (Стефан Пројчески, Давид Лазарески, Мартин Димитриоски) со вкупно 464 круга го освои второто место, но многу блиску до првото. Само пет круга недостасуваа за шампионското место.

Стрелаштвото некогаш беше меѓу водечките спортови, а со овие успеси се навестува враќање на старите патеки.

Loading