ЧЕБРЕН – МАНАСТИРСКИ КОМПЛЕКС

Мариово

Edna od mogute crkvi vo Mariovo

Во минатото манастирскиот комплекс Чебрен бил еден од најбогатите и најпознатите во Мариово и пошироко. Неговата поволна стратешка позиција и фактот што во Мариово за време на турското владеење немало исламизација на населението, го направиле еден од најбогатите во Македонија.

Ова може да се забележи и преку темелите на стариот манастир Св. Димитрија (15 век), кој во тој период бил со импресивни димензии, а од него останал само олтарниот дел, кој денес е вграден во новиот објект. Во своја сопственост манастирот имал воденици со 12 воденички камења, многу крупен и ситен добиток, ниви, ливади, големи површини со шуми и пасишта.

Комплексот Чебрен е лоциран во живописниот предел по течението на Црна Река на околу пет километри од селото Зовиќ. Располага со конаци со 12 легла, гостинска соба и кујна. Осветлувањето е со агрегат. Се слави Ѓурѓовден кога во него се собираат посетители.

Според пишаните документи манастирот во 19 век имал и свое ќелијно училиште на старословенски јазик. Во ова училиште се подготвувале свештеници и учители за другите мариовски села.

Loading