ВРЕМЕ Е ЗА ПРИЈАТЕЛСКА

Ракомет жени

Наближува 25 февруари и стартот на пролетниот дел од првенството во Супер лигата за ракометарки. Финишираат подготовките на екипата на Прилеп. Тренинзите се одработени според планот на тренерот Рубин Богојески. Останува да се одигра барем еден пријателски натпревар. Дознаваме дека грчкиот тим на Филота Аминдио нема да најде термин, поради густиот распоред на првенствените мечеви. Излез е договор со некоја екипа од земјава. Со оглед на тоа што малку се екипи што воопшто постојат, барем една пријателска ќе биде од полза, ако биде одиграна до пролетниот старт.

Во првото пролетно коло Прилеп ќе гостува на Куманово.

Loading