СРЦЕ НА КАЈМАКЧАЛАН

Vrv so srce

Највисокиот врв на планината Ниџе е Кајмакчалан (2521 м.), кој е познат од Првата светска војна и линијата на фронтот меѓу Германците и силите на Антантата. Планината крие богати предели кои се мета за туристи и лете и зиме. На врвот, кој се најдува на граничната линија меѓу Македонија и  Грција, е изградена капела да сведочи за жртвите од војната. Од височината се шири поглед кон грчкиот дел на Пелагонија со неколкуте езера, а од другата страна е пространото Мариово.

Во капелата, градена од српските победници, е сместена урната со срцето на Рудолф Арчибалд Рајс. Тој бил швајцарски професор, криминолог, фоторепортер и дописник за весници во неколку земји. Бил ангажиран да известува од боиштето, а по војната останал во Белград. Бидејќи бил почитуван, оставил аманет неговото срце да заврши на Кајмакчалан. Неговата желба била исполнета и срцето било сместено во урната на Кајмакчалан, која и денес стои во напуштениот објект.

Според преданието врвот го добил името по арамијата Кајмак. Кајмак и чалам, на турски значи лукав арамија. Тој како арамбаша со четата се искачил на врвот, носејќи украдено азно. Таму ископал дупка и го скрил златото. Комитите го убиле и исчезнала под земјата тајната локација на богатсвото.

Loading