ПРОБА ВО ОДЕНЗЕ

Дарко Илиески

Младиот одбранбен играч на Победа, Дарко Илиески, неколку дена престојува во данскиот прволигаш Одензе. Таму е на проба, со надеж за трансфер. Претстојат тренинзи и тест-натпревари, по кои ќе се очекува оценката од тренерот Кент Нилсен. Нема да биде лесно да се наметне, ако се знае дека клубот веќе има седуммина странци. Треба да се земе предвид и изјавата на тренерот дека одбраната е комплетирана и нема голема потреба од засилувања, но секој нов со внимание ќе го провери. Инаку, Одензе е трикратен шампион и петкратен освојувач на данскиот куп. Меѓутоа, ова првенство е во ситуација да се бори за опстанок, бидејќи е на претпоследното, 13-то место од табелата.

Илиески има играно за 11 Октомври, Металург Скопје и Победа, за која есеноска одигра 15 меча, од кои на 13 беше во почетната постава.

Loading