ГЛАВНА ЅВЕЗДА – РУСИНОТ

Борење

Во салата на ОУ „Добре Јованоски“, при одлична организација на БК 7 Мај Леов, се одржа Изборното државно првенство за младинци до 23 години и во категорија за пионери до 15 години. Борбите на два душека беа пред полната трибина. Во пионерската група втори места освоија Стефан Стојаноски и Петар Насески, Михаил Маркоски трето, а кај девојките Барбара Стојкоска е очекувано прва. Кај младинците Леонардо Насески е втор, а Христијан Пенков и Теодор Темелковски трети. Во групата на Темелковски беше и главната ѕвезда на првенството, Русинот со наш пасош, Виктор Егоров. Имаше три борби, кои ги доби во првата рунда. Загуби само еден поен, а противникот издржа најдолго, 48 секунди. Девојките Катерина Мирческа, Маја Дејкоска и Тамара Игњатовска беа први, според очекувањата.

В недела е Изборното државно првенство за младинци до 20 години во ,,Р. Р. Ричко”.

Loading