„ХАМЛЕТ ОД ГОРНО ДУПЕНИ“ ЗА ГОДИШНИНАТА

Театарот „Војдан Чернодрински“ ќе  одбележи 67 години постоење

Najglednata lanska komedija za   godisninata od teatarot

Со прикажувањето на претставата „Хамлет од Горно Дупени“ во режија на Кирил Петрески, утревечер од 19.30 часот, и со детската ,,Сонувачот, купувачот и уште нешто,, во режија на Игор Трпчески, в недела од 11 часот, театарот ,,,Војдан Чернодрински,, ќе одбележи 67 години од формирањето. Посетителите ќе ја проследат најгледаната комедија за 2016 година, да се насмеат и да се расположат. Со тоа ќе бидат дел од свечената атмосфера за одбележувањето на годишнината од театарот, чија завеса се кренала на 18 февруари 1950 година со претставата ,,Кир Јања,, од Ј. С. Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски.

Театарот растеше и се развиваше да се етаблира во еден од најперспективните во Македонија, што се докажува со бројните театарски претстави кои беа прогласени за најдобри не само на МТФ ,,Војдан Чернодрински, туку и на фестивалите надвор од Македонија, како што се МЕСС и ЕКС ПОНТО.

Актерскиот ансамбл суверено владеат на сцената. Годишно во просек се подготвуваат 3-4 премиери, а се одигруваат по стотина  претстави. Досега биле прикажани над 370 премиери, одиграни се околу 9000 претстави, кои ги гледале над два милиони посетители.

Моментно, на сцената се поставува ,,Ништо без Трифолио,, од Русомир Богдановски, во режија на Коле Ангеловски, што премиерно ќе се одигра кон крајот на март.

Театарот продолжуваат по зацртаниот пат – да бидат најдобри, да даруваат многу претстави, многу смеа, радост од сцената, а за возврат ги очекуваат  аплаузите од публиката.

Годинава, според програмата одобрена од Министерството за култура, е најавено целосно реновирање на објектот на театарот.

Loading