СОЛИДНИ ПРИХОДИ – СМЕТНАТИ ТРОШОЦИ НА БУЏЕТОТ

Во последниот квартал од 2016 година

– Главнината се троши на капитални проекти

– Буџетот се храни и со донации од 19,3 милиони денари

Racionalano se trosi budzetot - Drage Zvezdakosk

Анализирајќи го консолидираниот биланс на приходи на буџетот за      четвртиот квартал од 2016 година, се бележи мал пад на проекциите. Остварени се 948 милиони денари или 81,8 отсто од предвидените 1,15 милијарда денари.

Според Драге Звездакоски, раководител на секторот за финансии во локалната самоуправа, во билансот на приходите, во основниот буџет, последните четири месеци лани, се слеале 330,2 милиони денари, што е 73,4 отсто од планираното.

– Затаиле даночните приходи. Остварени се 177,1 милиони денари а се предвиделе 249,6. Во споредба со четвртиот квартал од 2015 година евидентен е раст од 4,6 проценти. Негативен е трендот кај данокот на промет на недвижнини, кај надоместокот за уредување на градежно земјиште и надоместоците од комунална дејност. Позитивни се движењата кај данок на плати од вработени, комуналната такса за фирми, реклами и слично, комуналната такса за користење на простор за паркирање и надоместокот за одржување на јавна чистота – објаснува Звездакоски.

Неданочните приходи се остварени со 7,8 милиони денари или 91,6 отсто, или компарирано со 2015 година се бележи раст од 3,3 отсто.

– Трансферите и донациите се речиси 109 милиони денари или 98 отсто. Приход се дотацијата од ДДВ од речиси 73 милиони денари, трансфери од Агенцијата за државни патишта по програмата за 2016 година од 9 милиони денари, капиталните трансфери од други нивоа на власт во износ од 24 милиони денари и други општи и тековни донации, плус пренесениот вишок од претходната година од 25,4 милиони денари – вели Звездакоски.

Слаба точка на проекцијата се остварените капитални приходи. Таму се бележи прилив од 36 милиони денари, а се очекувале 86,5 милиони.

– Како капитални приходи се реализирани продажби на земјиште во 2,6 милиони денари и е извршен поврат од предходни продажби од купувачи кои ги раскинале договорите за 4.8 милиони денари. Приходи по основ на концесиски надоместоци се 22,5 милиони днеари. Во споредба со последното четиримесечје од 2015 година е забележансимболичен од надолу. Тоа се должи на неостварувањето на приходите за геолошки истражувања. Во периодот што претстои ќе продолжиме со заеднички активности со УЈП за зголемена наплата на концесиските надоместоци, затоа што се посигурни извори на финансирање. Во иднина се очекува раст, а со тоа и значајна ставка во буџетот – проценува Звездакоски.

Приходите од утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти се 15,7 милиони денари, што е 68 отсто од планираните 23 милиони денари.

– Наменските и блок дотациите се 561 милиони денари, што претставуваат 95 проценти од проекциите. Самофинансирачките активности се 37,3 милиони денари, што е 54 отсто од предвидените 68,5 милиони. Во овој домен се слеани од култура 491 илјади денари, детски градинки 13 милиони денари, домови за стари лица 12,9 милиони денари, основно образование 5 милиони денари и средно образование 5,7 милиони денари, не вклучувајќи ги пренесените средства од 2015 година  во сите домени – кажува Зведакоски.

Донациите се 19,3 милиони денари од детски градинки, од проектот инклузија на деца, Роми, во детски градинки во РМ од 220 илјади денари, основно образование од проектот ЕРАЗМУС преку Националната агенција за европски образовни програми 122 илјади денари, средно образование од проектот ЕРАЗМУС преку националната агенција за европски образовни програми 9,9 милиони денари. Донација е евидентирана од Здружението за изградба на капела на Старите градски гробишта од 1.9 милиони денари, потоа од Светската банка за изградба на улиците во индустриската зона Металец 7,2 милиони денари.

Расходите пак се 970 милиони, што е скоро 84 отсто од плановите од 1,15 милијарда денари. Трошоците во основниот буџет се 355 милиони денари или 76 отсто од проекциите од 456 милиони.

– За плати, наемнини и надоместоци, се одделени 50,6 милиони од предвидените 52,4 милиони денари. Овие трошоци во последниот лански квартал учествуваат во вкупните расходи со 14 отсто. Резерви и недефинирани расходи има 1,6 милиони денари, што за 40 отсто помалку од планираните. За стоки и услуги се платени 157 милиони денари, што е 82 проценти од предвиденото. Овие трошоци учествуваат со 44 проценти во вкупните расходи. За плаќање на камати за два кредита се одлеани 198 илјади денари. За субвенции и трансфери,  главно за ЈКП, при крајот на годината. се насочени 32 од предвидените 35 милиони денари. За социјални бенефиции се потрошиле 727 илјади денари – вели Звездакоски.    За капитални трошоци општината платила последните четири месеци лани 106,4 милиони денари или 63 отсто од проекциите. Насочени се 6,7 милиони денари за отплата на главница.

– Исплатата на наменски и блок-дотации е 564,5 милиони денари или 91 отсто од предвиденото, од кои за плати, наемнини и надоместоци, се одлеале 452,5 милиони. Овој вид расходи учествува со 80 проценти во вкупните трошоци. За стоки и услуги се платиле 109,8 милиони денари, а за субвенции и трансфери 2,2 милиони главно за отпремнина за пензионирање и судски решенија – пренесува Звездакоски.

Според него, извршувањето на расходите на билансот на расходи од самофинансирачки активности е 37 милиони од планираните 68,5 милиони денари.

Потршени се донации од 13 милиони днеари за изградба на капелата на Стари градски гробишта, за локалниот економски развој, за проектот Енерџинет 4,4 милиони денари и 6,5 милиони денари во средното образование од проектот ЕРАЗМУС преку Националната агенција за европски образовни програми.

Loading